речник контакт

Нови пресвртни моменти во случајот убиството во Ореше?!

На денешното рочиште останаа сами во судницата двајцата судии, бранителот и обвинителот. Дали кажаното ќе донесе поинаков тек на судењето, ќе се знае за три седмици

Петар Печков

Бранителот Коста Нојков на денешното судско рочиште за убиството во селото Ореше побара да биде исклучена јавноста од судницата за да може да побара значаен момент,  кој може да фрли поинаква судбина на судскиот процес а се однесува на заштитениот сведок ,,Бреза,,. Судијата Илија Танев го прифати предлогот па од судницата си заминаа сите, вклучувајќи ги обвинетите, нивниот бранител Давидовиќ, поротниците, дактилографите.  По пауза од половина час, судијата го кажа следното.

Од Агенцијата за заштитени сведоци ќе побараме средба со заштитениот сведок ,,Бреза,, за да ги појасниме околностите кои сега ни беа посочени. Истите ќе бидат заведени во службена белешка, која ќе остане тајна – рече судијата Танев.

Тој следното рочиште го закажа за 20-ти декември. Тогаш ќе се знае повеќе за судбината на овој судски процес, кој според бранителот Нојков може да добие поинаков, позитивен  тек по обвинетите. Со него Горе Петровски од САД се товари дека за 20 илјади долари го платил убиството над старецот Лазо Милошевски на 2-ри декември 2005-тата во селото Ореше а како извршители ги најмил браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски. Тие во два наврати беа осудени  по 12 години а Апелација го враќаше предметот на ново судење.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »